Голманот на ГРК Охрид, Никола Даниловски дел од македонската репрезентација на Мундијалот во Египет

Голманот на ГРК Охрид, Никола Даниловски дел од македонската репрезентација на Мундијалот во Египет

Охрид, 13. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Чуварот на мрежата на ГРК Охрид, Никола Даниловски е дел од македонската ракометна репрезентација што ќе патува на Мундијалот во Египет.

Машката репрезентација во „пет до дванаесет“ обезбеди место на Светското првенство што денес започнува во Египет, откако чешката селекција го откажа учеството поради големиот број играчи позитивни на COVID-19.
Ова ќе биде седмо учество на Македонија на ракометниот мундијал. Ракометарите попладнево полетуваат од Скопје за Каиро. Уште во аеродромскиот автобус ќе бидат тестирани со брз тест.

Првиот натпревар го играме утре од 20:30 часот против Шведска, два дена подоцна против домаќинот Египет од 18:00 часот и на 18-ти јануари од 15:30 часот против Чиле, екипа што два пати ја совладавме на пријателски средби во Скопје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива