Михајло Младеновиќ ги засилува редовите на ГРК Охрид

Михајло Младеновиќ ги засилува редовите на ГРК Охрид

Охрид, 13. јануари 2021 (ИНПРЕС) – ГРК Охрид го засили ростерот, доведувајќи го Михајло Младеновиќ во своите редови.

20-годишниот ракометар игра на левата бековска позиција, а доаѓа редовите на Металург, каде играше од 2018 година.
ГРК Охрид со перфектна завршница на есенската полусезона во Супер лигата обезбеди место во плејофот. „Гладијаторите“ постигнаа 12 победи на исто толку одиграни натпревари. Младеновиќ ќе биде одлично засилување за охридскиот клуб на натпреварите во плејофот.

Младеновиќ заедно со охридскиот голман Даниловски се дел од македонската репрезентација на Мундијалот во Египет, па тој ќе се приклучи на клубот по завршување на првенството. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива