Македонските ракометари вечерва играат против Шведска на СП 2021

Македонските ракометари вечерва играат против Шведска на СП 2021

Охрид, 14. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Македонската ракометна селекција вечерва од 20:30 часот ќе го одигра првиот натпревар од Г-групата на Светското првенство во Египет, а противник ќе ни биде националниот тим на Шведска.

Ова ќе биде седмо учество на Македонија на ракометниот мундијал. Овојпат отидовме со подмладен состав, меѓу играчите ги нема Дејан Манасков и Гоце Георгиевски. Но, тука е капитенот Кирил Лазаров, кој првиот натпревар во дресот на репрезентацијата на Македонија на големите натпреварување го имаше токму во Египет на Светското првенство во 1999 година. Тогаш 19-годишниот Лазаров влезе од клупата на мечот против Саудиска Арабија и со еден прекрасен лоб удар се запиша за прв пат во листата на стрелци.

Дел од македонската ракометна репрезентација е и чуварот на мрежата на ГРК Охрид, Никола Даниловски.

По вечерашниот дуел со Шведска, в сабота играме против домаќинот Египет од 18:00 часот и на 18-ти јануари од 15:30 часот против Чиле, екипа што два пати ја совладавме на пријателски средби во Скопје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива