Претседателот Пендаровски и МНР го осудија палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани

Претседателот Пендаровски и МНР го осудија палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани

Скопје, 15. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и македонското министерство за надворешни работи го осудија палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани.

– Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

– Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи. Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот туку и нанесува штета на угледот на Република Македонија, се наведува на фејсбук-профилот на Министерството за надворешни работи.

Ова следува откако бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на Facebook објави дека Софија упатила вербален демарш до Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива