Во ноември во Охрид издадени пет одобренија за градба

Во ноември во Охрид издадени пет одобренија за градба

Охрид, 15. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Во месец ноември лани во Охрид биле издадени пет одобренија за градба, објави од Државниот завод за статистика.

Во два случаи како инвеститпр се јавува физичко лице, а во три правен субјект. Предвидена е градба на 40 станови со вкупна корисна површина од 2.496 м², а проценетата вредност е 141 877 денари.

Во анализираниот период во Дебрца нема издадени одобренија за градење, а во Струга е издадена една дозвола.

На ниво на Македонија во ноември се издадени 208 одобренија за градење. Предвидената вредност на објектите изнесува 1 921 700 денари. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 112 се наменети за објекти од високоградба, 20 за објекти од нискоградба и 76 за објекти за реконструкција. Од вкупно 208 објекти, на 109 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 99 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 302 станови, со вкупна корисна површина од 26 479 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива