Заев: Пристигнуваат 8.000 вакцини на „Фајзер“ кои ги понуди Србија

Заев: Пристигнуваат 8.000 вакцини на „Фајзер“ кои ги понуди Србија

Скопје, 18. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Република Србија одлучила да понуди 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“, за македонските граѓани, соопшти премиерот Зоран Заев.

–  Во комуникација со претседателот Вучиќ се договоривме да добиеме од нивната набавка 8.000 фајзерови вакцини против ковид-19. Иако Вучиќ сакаше ова да биде донација, сепак се договориме да ги платиме по набавна цена – рече Заев, додавајќи дека ова е среќна вест со оглед на тоа што испратиле писма и до други земји за помош околу вакцините.

– Многу сум благодарен од името на целиот македонски народ. Станува збор за сериозен чин на пријателство, Србија сака солидарно да сподели со јужниот сосед дел од вакцините кои ги има, рече премиерот Заев.

Тој најави дека деталите за набавката на вакцините на „Фајзер“ од Србија ќе ги договараат министрите за здравство, а Заев најави уште еден разговор со српската премиерка Ана Брнабиќ за тоа како и кога ќе биде испорачана понудената пратка од Србија. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива