Од полноќ ново поскапување на бензините и дизелот

Од полноќ ново поскапување на бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 18. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ повисоки цени  на бензините и дизелот.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените на Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за еден денар, додека малопродажните цени на Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172ден/кг.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 63 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 65 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 54,50 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 54,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 30,823 денари/килограм.

Овие цени ќе важат во следните седум дена. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива