Охрид, 20. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ги започна зимските подготовки за втората полусезона во Втората МФЛ.
На формата ќе работат во Охрид, а договорени се и седум контролни натпревари.
Охридските фудбалери есенскиот дел во Втората лига го завршија на четвртата позиција со 25 бодови, зад Гостивар, Велешта и лидерот Скопје.
Пролетната полусезона ќе започне на краот на месец февруари, а прв противник на „рибарите“ ќе биде екипата на Кораб. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос