Ракометарите денеска на „мегдан“ против Словенија

Ракометарите денеска на „мегдан“ против Словенија

Каиро, 20. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Македонската ракометна репрезентација попладнево од 15:30 часот против Словенија го игра првиот натпревар во Групата 4 од главната фаза на Светското првенство во Египет.

Македонските ракометари започнуваат од последното место во новоформираната група и без пренесени бодови од прелиминарната рунда поради двата пораза од Шведска и Египет.

Сликата може да содржи: Луѓе кои спортуваат, текст кој вели „L TODAY MAIN ROUND EGYPT 2021 VDIO GROUP IV 16:30 (CAT) NORTH MACEDONIA vS SLOVENIA 19:00 (CAT) RUSSIAN HANDBALL FEDERATION VS EGYPT å 21:30 (CAT) SWEDEN vS BELARUS 快 27th IHF MEN'S WORLD CHAMPIONSHIP #EGYPT2021“

Во истиот термин, в петок, противник на македонските ракометари ќе им биде Русија, а во последното коло, в недела, репрезентацијата на Белорусија.

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во групата.

Група 4: Шведска 4 бодови, Русија 3, Египет 2, Словенија 2, Белорусија 1, С. Македонија 0. (Крај)

извор: Плус инфо фото: IHF