„Гладијаторите“ стартуваа со подготовки за плејофот

„Гладијаторите“ стартуваа со подготовки за плејофот

Охрид, 20. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Охрид стартуваа со подготовки за пролетните мечеви од плејофот во Супер лигата.

Во тимот нема големи промени, нема ракометари кои си заминаа, а ростерот дополнително е засилен со доаѓањето на левиот бек Михајло Младеновиќ, кој заедно со голманот Никола Даниловски ќе се приклучи на подготовките по завршување на Мундијалот во Египет.

Сликата може да содржи: 2 луѓе, Луѓе кои спортуваат и кошаркарски терен
ГРК Охрид со перфектна завршница на есенската полусезона во Супер лигата обезбеди место во плејофот. „Гладијаторите“ постигнаа 12 победи на исто толку одиграни натпревари.

Натпреварите од плејофот стартуваат на почетокот на март. Се натпреваруваат осум екипи, ќе се играат по седум кола дома и во гости, или вкупно 14 кола. Победникот во плејофот е победник и шампион на првенството.

Нема достапен опис

РК Бутел Скопје ќе биде прв противник на ГРК Охрид. Во второто коло противник на „гладијаторите“ ќе биде Вардар, „езерското“ дерби е во шестото коло, а првиот дел од натпреварите ќе го заокружат дома против Еурофарм Пелистер. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид/архива