Атина, 22. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Од денеска стапува во сила новата, продолжена одлука на грчката Влада за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и ограничувањата на копнените граници и поврзувањата со Македонија и Албанија одлука што ќе биде во сила до 8-ми февруари во 06:00 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за одлуката за да се ограничи ширењето на коровирусот со „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“, која се продолжува од средината на март минатата година, а последното продолжување беше од 8 јануари заклучно со вчера.
Првиот член од одлуката се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патните и железничките) поврзувања од и кон Грција „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот ковид-19 на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“.
За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас/Кулата и само со негативен молекуларен тест за COVID-19 направен 72 часа пред пристигнувањето, но и доколку добијат негативен резултат од рапид тестот направен на влезот во Грција.
Од останатите гранични премини што се отворени, односно Евзони/Богородица кон Македонија, Какавија кон Албанија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со потврда за претходно направен негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти.
Во однос на камионите за транспорт на стоки, отворени се седум гранични премини, четири со Бугарија, и по еден со Турција, Македонија и Албанија, а за возачите не важи задолжителната потврда за негативен ПЦР тест.
Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива