Поевтинуваат бензините и дизелот, се враќа на сила Законот за акцизи

Поевтинуваат бензините и дизелот, се враќа на сила Законот за акцизи

Скопје/Охрид, 22. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика.

Појаснуваат дека ваквата одлука е донесена поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи.

Па, така малопродажните цени на бензините и дизелот се намалуваат за два денари, на екстра лесното масло за домаќинство за 13 денари, а цената на мазутот останува иста.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 61 денар/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 63 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 52,50 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 41,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 30,823 денари/килограм.

Овие цени ќе важат се до донесување нова одлука. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива