Центарот за култура ќе го чествува својот патрон

Центарот за култура ќе го чествува својот патрон

Охрид, 2. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Охридскиот центар за култура ќе го чествува својот патрон, Григор Прличев.

Во петок од 11:45 часот во изложбениот салон ќе биде отворена изложба на ликовни дела од колекцијата на установата. Од 12:00 часот во малата сала, согласно здравствените протоколи за заштита од корона вирусот, ќе се одржи свечената програма, со настап на хорот „Вокс Лихнидос“, претставување и артистичка изведба на наградената поема за 2020 година „Капетаните” и врачување на наградата на лауреатот Лилјана Пандева. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива