ВМРО-ДПМНЕ: Охрид под снег, локалната власт и градоначалникот Георгиески во застој

ВМРО-ДПМНЕ: Охрид под снег, локалната власт и градоначалникот Георгиески во застој

Охрид, 14. февруари 2021 (InPress) – Блокирани и непроодни улици, пешачки патеки и јавни површини во градот е сликата којашто може да се забележи при првиот снег со што е загрозена безбедноста на граѓаните, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– За што ги троши Георгиески 420.000 денари за ангажирање на градежна механизација за одржување на улици во зимски услови? Неговиот партиски поставен директор потроши илјадници евра за возила на старо, но нив не ги гледаме по улиците на градот. За жал и вработените се оставени сами на себе, без механизација. Георгиески треба да се засрами што ја злоупотребува маката на вработените за да ја затскрие својата неспособност. Зошто насекаде во градот не се спроведува машинско чистење на снег и посипување на коловоз со ризла и абразивен материјал? Во едно сме сигурни дека ќе има, ќе се плаќаат фактури за сол, градежна механизација и гориво, а улиците ќе останат неисчистени. Додека улиците во градот и селата останаа отсечени поради снегот градоначалникот Георгиески и пратеникот Таневски го ажурираа партиското членство. Можеби снегот ги покри дивоградбите и депониите низ градот, но никако не и неспособноста на Локалната власт и Георгиески, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ