СДСМ Охрид: ВМРО-ДПМНЕ критикува, а не зачистиле пред сопствената врата

СДСМ Охрид: ВМРО-ДПМНЕ критикува, а не зачистиле пред сопствената врата

Охрид, 14. февруари 2021 (InPress) – Пред да се критикува и да се фрлаат дрвја и камења по другите, човек треба да си гледа што му се случува пред сопствените очи и куќа, реагираат од ОО на СДСМ од Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– И денеска по којзнае кој пат раководството на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид преку својот гласноговорник Божиновски си пукаше самото во „нога“. Ја критикуваат локалната власт, градоначалникот Константин Георгиески, Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ и останатите, а не го исчистиле ни сопствениот двор во кој ја одржаа денешната средба со новинарите. Факт е фотографијата – таа не лаже. Од друга страна, локалната власт предводена од СДСМ постојано и ангажирано работи врз расчистување на снегот, се чистат улиците и тротоарите и приодите во и надвор од градот. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ (снег и само стапалки) пред нашето седиште толку колку што се можеше е расчистено и ќе се чисти. Нашиот партиски подмладок од СДММ синоќа излезе на терен и со топол чај ги згреа вработените во Комуналец кои и на минусни температури работеа и работат низ градот. Различни сме, стои во реакцијата. (Крај)

извор: СДСМ фото: InPress