Прва награда за Trio Dolce на Меѓународниот натпревар Sopravista во Италија

Прва награда за Trio Dolce на Меѓународниот натпревар Sopravista во Италија

Охрид, 15. февруари 2021 (InPress) – Музичкиот состав Trio Dolce ја освои првата награда на еден од најпрестижните меѓународни уметнички фестивали во Италија Sopravista International Festoval – Contest.

Учесници од целиот свет имаат можност да го покажат талентот и имагинацција, вештините и резултатите, да ги задоволат потребите за креативно самоизразување и естетски развој. На натпреварот се популаризира уметноста и разбирањето на другите култури, нечини на самоизразување и манифестирање на сопствената индивидуалност, како и размена на искуства.

Оваа година, на фестивалот кој се одржа во периодот јануари-февруари 2021 година, учество зедоа 200 натреварувачи, професионални музичари, уметници од 31 земја, поделени во повеќе категории според возраст и номинација. Составот Trio Dolce е добитник на првата награда – лауреат на фестивалот во категоријата инструментална музика.

Членови на составот се проф. Андријана Дуковска (виолончело од Прилеп), проф. Светлана Богданоска- Ристоски (флејта од Охрид) и проф. магистер Марија Шамоска- Буџаковски (пијано од Битола), кои оваа година одбележуваат 5 годишна плодна соработка.

Изминатиов период успешно и активно концертираат со целовечерни концерти во многу градови низ нашата држава (Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Охрид), поддржани од Министерството за култура на Република Македонија. Во нивниот изведувачки опус може да се најдат и се опфатени композиции од сите временски епохи.

Минатата година, Trio Dolce одржаа јубилеен концерт во Охрид. Во Големата сала на општина Охрид, Trio Dolce се претставија со дела од П.И. Чајковски, Ј. Брамс и Л. Фаренк. (Крај)

извор: InPress фото: архива