ГФК Охрид Лихнидос го пречекува кичевски Велазерими 77

ГФК Охрид Лихнидос го пречекува кичевски Велазерими 77

Охрид, 17. декември 2021 (ИНПРЕС) – Охридските фудбалери денеска ја играат претпоследната тест средба во рамки на подготвителниот период.

Од 14:00 часот ја пречекуваат екипата на кичевски Велазерими 77, а натпреварот ќе се одигра на теренот со вештачка трева. На фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ќе им преостане уште една контрола, в сабота, 20-ти февруари ќе се сретнат со Велешта.

На крајот на месецов започнуваат натпреварите во пролетниот дел од Втората фудбалска лига, а прв притивник на „рибарите“ ќе биде екипата на Кораб. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива