Твоја партија: Етничко потекло во лични документи е спротивно на Уставот и концептот на граѓанска држава

Твоја партија: Етничко потекло во лични документи е спротивно на Уставот и концептот на граѓанска држава

Скопје, 17. февруари 2021 (InPress) – Твоја партија смета дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за жал за прв пат постигнаа согласност за прашање кое сериозно го нарушува концептот на граѓанска држава и еднаквост на сите граѓани без разлика на нивното етничко потекло.

– Според ТВОЈА партија, наметнувањето обврска граѓаните јавно да го декларираат своето етничко потекло при добивањето на лични документи, е спротивно на Уставот и со него воспоставениот концепт на граѓанска држава. Јасно ни е дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ водени од желбата за опстанок, односно доаѓање на власт, се наттркуваат во тоа кој ќе прифати повеќе барања кои ги поставуваат партиите од тн. албански блок. Од друга страна наводните заштитници на човековите права се соочени со комлетен неуспех во однос на решавање на егзистенцијалните проблеми кои ги мачат нивните избирачи, па прибегнуваат кон концепт кој во минатото докажано донесе многу зло и несреќа во општествата, во кои подоцна беше применет.
Наместо битка против корупцијата, непотизмот, партиските привилегии, владеачките партии се обидуваат да ги дефокусираат граѓаните и фокусот да го насочат на продлабочување на етничките поделби и сегрегација на граѓаните заради нивното етничко потекло. Македонија со векови била мултиетничка држава. Впишување на етничка припадност во личните карти на граѓаните на Македонија, значи нарушување на унитарниот карактер на државата. Вметнувањето на член 122 во Законот за заштита на лични податоци, во февруари 2020, полека добива смисла. Етничката припадност се смета за посебно сензитивен личен податок. Процесирањето на ваков тип на податок е забранет, со точно утврдени исклучоци кога може да се процесира. Ова е максимално спротивно на европскиот GDPR. Со ова секое копирање на лична карта ќе биде процесирање на посебно сензитивен личен податок. Уште еднаш укажуваме дека предложените решенија водат кон понатамошно поткопување на концептот на граѓанска држава, благодарение на кој, Македонија успеа да ги избегне сериозните крвопролевања низ кои поминаа државите во поблиското соседство кои по независноста тргнаа во поделби по етнички линии, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: Твоја партија фото: архива