Никола Илиевски-Џиџи: Со добра игра ќе им се оддолжиме на хотелите „Аквалина“ и „Нова Ривиера“ за помошта

Никола Илиевски-Џиџи: Со добра игра ќе им се оддолжиме на хотелите „Аквалина“ и „Нова Ривиера“ за помошта

Охрид, 17. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите и стручниот штаб на ФК „Вардар“ деновиве се на подготовки во Охрид благодарение на охридските хотели „Аквалина“ и „Нова Ривиера“ кои им излегоа во пресрет.

Презадоволни сме од дочекот и приемот во хотелот и се она што луѓето го прават околу угодувањето на цела експедиција на Вардар. Не знаеме како ќе им се оддолжиме. Добрата игра ќе биде и еден подарок за нив, вели за Супер радио и InPress тренерот на ФК „Вардар“, Никола Илиевски-Џиџи.

Нема достапен опис

– Пред се да се заблагодарам до луѓето кои ни овозможија да непречено тренираме и се подготвуваме за првото коло. Поради снегот се одложи за една недела првенството, тоа е можност да ги видиме играчите уште подобри на физички план да се подигне нивото, бидејќи Вардар почна многу доцна пред само два дена. Ова е петти тренинг, многу малку за да очекуваме нешто повеќе меѓутоа тоа е што е, вели Илиевски.

Благодарност за помошта изрази и капитенот на „црвено-црните“, Дејан Блажевски, рече дека овие мини подготовки се добредојдени имајќи предвид дека многу доцна ги започнаа, но ветува максимална посветеност во играта.

Нема достапен опис
– Огромна благодарност до сопственикот и менаџерскиот тим на хотелите „Аквалина“ и „Нова Ривиера“што ни овозншжи да дојдеме на подготовки. Ситуацијата во клубот е мошне тешка, се надевам дека ќе се најде решение, оди тешко но мислам дека ќе се најде решение. Газдата на овие хотели со оваа помош покажа и до другите како треба да се постапува и мислам дека и власта треба да преземе нешто за клубот. Подготвите одат добро, почнавме многу доцна, но се надевам дека со тек на време ќе влеземе во посакувата форма. Ќе биде тешко во првенството, сепак ни требаат две недели сигурно за да дојдеме во таа форма, се надевам дека тоа ќе го постигнеме и ќе ги дадеме очекуваните резултати.
Има многу од младинските категории, ни сме 5-6 играчи поискусни останати од минатата сезона. Мислам дека со нашето искуство ќе се вклопат и тие и ќе бидат на високо ниво, ние ќе им помогнеме секако, мора да се даде максимум да ја постигнеме целта, прво опстанок да обезбедиме па понатаму ќе видиме, потенцира Блажевски.

Менаџерот на хотелите „Аквалина“ и „Нова Ривиера“, Ангел Ангелески истакна дека со ова ја продолжуваат праксата да го помагаат спортот.

Нема достапен опис

– Хотелите „Аквалина“ и „Нова Ривиера“ и досега помагале и излегувале во пресрет на спортот и спортските работници. Сме биле домаќини на многу фудбалски и ракометни кампови и екипи. Биле сместени Црвена Звезда, Графичар, Вождовац, ракометна школа Кирил Лазаров 7 беше пет години, потоа тука беше фудбалски камп на Фондацијата на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“, а сме излегле во пресрет и на други клубови. Во ова тешко време за нив, одлучивме да дадеме помош на ФК Вардар, кај нас се сместени фудбалерите и стручниот штаб, да одработат мини подготовки и ќе останат до сабота. Се надевам дека ќе ја надминат оваа криза, им посакуваме успешни подготовки и успешен остаток од сезоната. Ние сме отворени и натаму да го поддржуваме спортот во Македонија, вели Ангелески.

ФК „Вардар“ изминатиов период се соочува со потешкотии, најголемиот проблем е што заминаа многу играчи, од финансиски причини не можеше да донесе нови, а клубот има и неподмирени обрврски кон некои играчи. Неколку од поискусните кои се останати заедно со фудбалерите од младинските категории ќе бидат моторот на Вардар следниов период. Тренерот Илиевски вели потенцијал има, а Вардар не ќе биде Вардар доколку не се издигне и од вакви состојби.

Нема достапен опис

– Вардар не можеше да донесе нови играчи поради блокадата, одредени играчи не се подмирени и секако тоа е уште поголем проблем бидејќи во овој момент сигурно недостасуваат барем 4-5 искусни играчи и со овие млади играчи од младинскиот погон заедно да ги понесат за да може да се оствари целта, да се обезбеди опстанок во македонската лига. Вардар моментално е на шеста позиција, прифативме да работиме, да помогнеме и јас и целиот стручен штаб. Потенцијал има, меѓутоа сепак се тоа млади и неискусни играчи, немаат провлигашки натпреварувања многу од нив, еве можност и шанса да ги покажат своите вредности да го носат и да го заслужат дресот на Вардар, потенцира Илиевски.

„Црвено-црните“ новата полусезона ја стартуваат против вечниот ривал Пелистер, кој е далеку поподготвен, со неколку квалитетни засилувања. Иако подготвеноста не оди во прилог на вардарци, сепак велат дека ќе го дадат максимумот на терен и се надеваат на поволен резултат. Натпреварот е в недела на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје.(Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес