„Гладијаторите“ и „рибарите“ славеа во претпоследните контролни натпревари

„Гладијаторите“ и „рибарите“ славеа во претпоследните контролни натпревари

Охрид, 18. февруари 2021 (ИНПРЕС) – И ракометарите и фудбалерите на Охрид регистрираа победи на претпоследните контролни натпревари во рамки на подготвителниот период.

„Гладијаторите“ славеа на гостувањето кај Прилеп, совладувајќи го со 26-28. Фудбалерите на Охрид Лихнидос пак го совладаа кичевски Велазерими со 2-0.

Уште една проверка пред старт на првенствата ги очекува в сабота, ракометарите играат повторно со Прилеп, овојпат ги пречекуваат на домашен терен, а „рибарите“ ќе се сретнат со Велешта.

извор: ИнПрес фото: архива