Февруарските пензии ќе се исплаќаат од 25-ти февруари

Февруарските пензии ќе се исплаќаат од 25-ти февруари

Скопје, 18. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Февруарските пензии ќе почне да се исплаќаат од 25-ти февруари.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24-ти овој месец и препорача да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат платежни картички.

И овој пат пензиите ќе се делат во четири групи според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник).

Пензионерите, пак, кои користат платежни картички, независно од висината на пензијата, со истата може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа веќе од 25-ти февруари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива