Охрид, 18. февруари 2021 (InPress) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот С.С. од Скопје.
– При преглед извршен на 15-ти август 2020 година, во 22:40 часот кај ракометното игралиште во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кокаин, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива