449 нови случаи на COVID-19, 17 новозаболени и едно починато лице од Охрид

449 нови случаи на COVID-19, 17 новозаболени и едно починато лице од Охрид

Скопје, 20. февруари 2021 (InPress) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.283 тестирања, при што се регистрирани 449 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

-Скопје 170
-Прилеп 55
-Кавадарци 35
-Гевгелија 23
-Тетово 19
-Охрид и Куманово по 17
-Битола и Неготино по 16
-Велес 10
-Струга 8
-Струмица и Ресен по 7
-Гостивар 6
-Штип, Делчево и Богданци по 5
-Крива Паланка, Берово и Кратово по 4
-Пробиштип и Демир Капија по 3
-Кичево, Дебар, Валандово и Крушево по 2
-Кочани и Радовиш по 1

Починати се 10 лица, 3 пациенти од Скопје (83, 79 и 65 години), по еден од Тетово (72 години), Куманово (71 години), Прилеп (79 години), Велес (84 години), Охрид (58 години), Кавадарци (65 години) и Делчево (75 години). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 227 оздравени пациенти од:

-Скопје 102
-Куманово 41
-Прилеп 17
-Кавадарци 14
-Тетово и Велес по 8
-Штип 6
-Гостивар и Кочани по 5
-Битола и Струмица по 4
-Гевгелија, Неготино, Ресен и Крушево по 2
-Дебар, Пробиштип, Виница, Дојран и Македонски Брод по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 500.551 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.031, бројката на оздравени пациенти е 89.249, на починати е 3.047, а бројот на активни случаи изнесува 6.735. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство