254 нови случаи на COVID-19, 13 новозаболени и 3 починати лица од Охрид

254 нови случаи на COVID-19, 13 новозаболени и 3 починати лица од Охрид

Скопје, 21. февруари 2021 (InPress) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.160 тестирања, при што се регистрирани 254 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

-Скопје 111
-Прилеп 29
-Кавадарци 20
-Охрид 13
-Неготино 10
-Битола 9
-Гостивар 7
-Куманово и Велес по 6
-Тетово и Гевгелија по 5
-Штип, Струмица, Струга и Ресен по 4
-Кочани, Делчево и Виница по 3
-Кичево, Дебар, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево, Богданци по 1

Починати се 16 лица, 5 пациенти од Прилеп (83, 75, 75, 73 и 49 години), 3 пациенти од Охрид (85, 83 и 77 години), 2 пациенти од Скопје (78 и 62 години) и по еден пациент од Куманово (76 години), Крива Паланка (76 години), Струга (68 години), Гевгелија (75 години), Кочани (83 години) и Неготино (67 години). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 151 оздравени пациенти од:

-Скопје 86
-Велес 17
-Прилеп 15
-Тетово 7
-Куманово 6
-Крушево 4
-Гевгелија 3
-Битола, Кичево, Виница, Кратово по 2
-Штип, Кочани, Дебар, Крива Паланка, Радовиш по 1

Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство