Охриѓанец физички нападнат во маркет на улицата „Абас Емин“

Охриѓанец физички нападнат во маркет на улицата „Абас Емин“

Охрид, 21. февруари 2021 (InPress) – На 20-ти февруари 2021 година, во 18:30 часот, во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во маркет лоциран на улицата „Абас Емин“ во Охрид.

– Пријавен е инцидент со вербални напади и навреди од страна на 40-годишниот М.К. кон 31-годишниот Љ.С., двајцата од Охрид. Притоа настанала меѓусебна караница во која, Љ.С. физички го нападнал М.К нанесувајќи му повреди по телото. Откако на местото пристигнале полициски службеници, М.К. им упатил навреди и закани по што е приведен. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива