Охрид, 21. февруари 2021 (InPress) – На 20-ти февруари 2021 година, во 14:35 часот, во СВР Охрид e приведен 47-годишниот С.Б. од Скопје.
– Кај него, при извршен преглед на улицата „Гоце Делчев“, пронајден е мобилен телефон марка Huawei Honor, претходно пријавен за украден од страна на сопственикот, 19-годишниот А.Х. од гостиварското село Топлица. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од Секторот. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива