Охрид, 21. февруари 2021 (InPress) – Охриѓани и денеска даваат масовна поддршка и се потпишуваат за нов попис кој ќе биде фер, веродостоен и европски.
– Потребна ни е статистичка операција, исправен и точен попис на населението, а не лажиран и политички каков што сака да спроведе власта, потенцираат организаторите од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид потенцираат дека иницијативата се одржа согласно протоколите за COVID-19.
Во текот на вчерашниот ден, за само неколку часа беа собрани над 25 илјади потписи на над 300 локации ширум државата. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ