Охрид, 22. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Поради зголемениот интерес за новата премиера „Сопружници“ на охридскиот народен театар, во петок и сабота од 19:00 часот ќе бидат изведени две претстави.
– „Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Драгана Таневска, за претставата работена по текст на Вуди Ален.
Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.
Билетите по цена од 200 денари ќе се продаваат од денеска на билетарата при Центарот. Телефони за резервации 046/261-063 и 075/283-066.
Организаторите потенцираат дека претставата ќе се игра пред ограничен број публика, согласно здравствените протоколи. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива