МВР регистрира 386 прекршоци за неносење лична заштита на лице

МВР регистрира 386 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Скопје, 23. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие (22-ри/23-ти февруари) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 386 прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со COVID-19. (Крај)
извор: МВР фото: архива