Подгорица го доби најголемото панорамско тркало во регионот

Подгорица го доби најголемото панорамско тркало во регионот

Подгорица, 23. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Според примерот на Лондон и некои други светски метрополи, Подгорица доби нова атракција: панорамско тркало високо 40 метри, од каде што се простира поглед кон целиот град.

– Во желба Подгорица да ги добие сите содржини што ги имаат европски и светски туристички центри, градот донесе одлука првпат во негова историја да постави панорамско тркало, соопштија градските власти.

Тие додаваат дека ова е најголемото панорамско тркало во регионот и може да прими 240 луѓе. Возењето трае три круга, односно пет минути, за што се плаќа од 2,5 до 3,5 евра.

Најголемите панорамски тркала во Европа се наоѓаат во Лондон (135 метри) и Париз (100). (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива