Објавен конкурс за попишувачи и реонски инструктори за пописот, за Охрид и Дебрца се потребни 214 попишувачи и 21 инструктор

Објавен конкурс за попишувачи и реонски инструктори за пописот, за Охрид и Дебрца се потребни 214 попишувачи и 21 инструктор

Охрид, 23. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Државниот завод за статистика го објави Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-ви до 21-ви април ќе го спроведуваат попишувањето на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.

На државно ниво предвидено е да се ангажираат 5.055 попишувачи и 508 инструктори.

За општините Охрид и Дебрца, соглано конкурсот, потребни се 214 попишувачи и 21 инструктор. За Струга и Вевчани ќе бидат ангажирани 142 попишувачи и 14 инструктори.

При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон. Од избраните кандидати за реонски попишувачи по пописни реони ќе бидат избрани 10% повеќе резервни попишувачи од табелата-колона за вкупно попишувачи.

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини.

Пријавувањето се врши исклучиво преку електронска апликација достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, заклучно со 28-ми февруари. Сите детали поврзани со конкурсот и условите се содржани во огласот објавен во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“, „Слободен печат“ и „Коха“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива