ГРК Охрид утре гостува во Делчево

ГРК Охрид утре гостува во Делчево

Охрид, 24. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Охрид утре гостуваат во Делчево, во рамки на 1/8 финалето во Купот на Македонија.

Мечот со истоимената екипа е од 15:00 часот. Победниците од оваа фаза ќе формираат четири четвртфинални групи. Првопласираните во групната фаза ќе обезбедат место на завршниот турнир, што е на програмата од 21-ви до 23-ти мај.

Веќе следниот викенд (6-ти/7-ми март) „гладијаторите“ официјално ги започнуваат натпреварите во плејофот, ќе гостуваат во Скопје, кај екипата на Бутел.

Нема достапен опис

Потоа ќе следи пауза поради ЕХФ неделата. Средниот бек на ГРК Охрид Мартин Ивановски доби репрезентативен повик и се најде на поширокот список за двомечот на Македонија со Светскиот првак Данска. Покрај Ивановски, на списокот на новиот селектор Кирил Лазаров се наоѓа и Михајло Младеновиќ, кој дојде во Охрид во зимскиот преоден рок.

Мечевите во плејофот охридските ракометари ќе ги продолжат на 21-ви март, кога дома го пречекуваат Вардар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива