Auto Draft

Во Охрид денес сончево и топло време со температура до 15. степени

Охрид, 25. февруари 2021 (InPress) – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 15. степени.

– Продолжува периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени. Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: InPress