Филипче: Забележан е раст на новзаразени, но не се загрозени болничките капацитети во Охрид

Филипче: Забележан е раст на новзаразени, но не се загрозени болничките капацитети во Охрид

Скопје/Охрид, 25. февруари 2021 (InPress) – Забележан е раст на новзаразени, но не се загрозени болничките капацитети ниту во Охрид, Прилеп или Кавадарци, изјави утрово министерот за здравство Венко Филипче.

– Во моментот траат испитувањата на примероците во МАНУ, но во „Филип Втори“ велат дека се работи за британскиот сој во 70 отсто од случаите. Доколку е потребно, сите капацитети ќе се вратат во системот за лекување COVID-19, рече Филипче.

Според него, се следи дали овој тренд на раст на заболени ќе продолжи, и дали ќе ги загрози болничките капацитети за да може да се реагира.

Според последните информации на Министерството за здравство на Република Македонија, во текот на вчерашниот ден во Охрид се регистрирани 29 новозаболени лица. (Крај)

извор: InPressфото: архива