МВР регистрира 485 прекршоци за неносење лична заштита на лице

МВР регистрира 485 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Скопје, 25. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие (24- ти/25-ти февруари) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 485 прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со COVID-19. (Крај)
извор: МВР фото: архива