„Рибарите“ против Кораб на домашен терен ја започнуваат пролетната полусезона

„Рибарите“ против Кораб на домашен терен ја започнуваат пролетната полусезона

Охрид, 25. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Овој викенд започнува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига – Запад.

Прв противник на ГФК Охрид Лихнидос ќе биде екипата на Кораб од Дебар. Натпреварот е закажан за в сабота, од 14:00 часот на стадионот „Билјанини извори“.

„Рибарите“ одработија квалитетни подготовки, а во зимскиот преоден рок донесоа и пет засилувања. Прво беше официјализирана соработката со Роберт Митев, во охридското јато се вратија Стефан Петрушески и Љупчо Илијески, а нови имиња во клубот се Атдхе Мазари и Дамјан Божиновски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива