Кабинетот на претседателот Пендаровски, вилата „Водно“ во боите на РЕТКИТЕ

Кабинетот на претседателот Пендаровски, вилата „Водно“ во боите на РЕТКИТЕ

Скопје, 26. февруари 2021 (InPress) – Кабинетот на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, вилата „Водно“ во Скопје, од вчера „обоена“ во боите на РЕТКИТЕ.

– Го осветливме Кабинетот на претседателот во боите на ретките болести со што се приклучивме на меѓународната кампања за поддршка на овие лица. Постојано да ја унапредуваме грижата за лицата со ретки болести и нивните семејства. Да ја подигнуваме јавната свест, порача претседателот Пендаровски на неговиот официјален профил на Facebook.

Бројни објекти, институции и локации годинава блеснаа во знак на поддршка на РЕТКИТЕ, како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која оваа година го има своето трето по ред издание.

– Оваа година за Денот на ретките болести 2021 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет. Како и секоја година, така оваа се приклучуваме кон глобалниот повик на Еурордис за осветлување на локални и национални згради и споменици. Сите знаеме дека изминатата, но и почетокот на оваа година поминува, во светлото на COVID-19. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Ве повикуваме да ни се придружите, осветлете некој објект или дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда, споменик и слично. Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици, го зајакнуваат меѓународното влијание, порача иницијаторот на кампањата, охридскиот активист Гордана Лолеска.

ВО ЖИВО: Самуиловата тврдина осветлена во боите на ретките болести

Во знак на поддршка на лицата со ретки болести, во месецот кој е посветен на нив, блеснаа и Самуиловата тврдина и Историскиот архив во Охрид, осветлена беше скулптурата „Фаќач на крст“ во центарот на градот, а нуркачите од Центарот „Акватек“ ја осветлија старата дрвена шина за кревање на бродовите за репарација и одржување на дното на Охридското Езеро во боите на РЕТКИТЕ.

Во Македонија има 575над 1 500 неевидентирани лица со ретки болести

Неодамна беше одбележан стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која оваа година ја бележи третата сезона. Со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Кампањата на OhridPress можете да ја следите ОВДЕ. (Крај)

извор: InPress фото: архива