Нов државен ракорд, златен и сребрен медал за охридските стрелци на Купот во гаѓање со воздушно оружје

Нов државен рeкорд, златен и сребрен медал за охридските стрелци на Купот во гаѓање со воздушно оружје

Скопје, 25. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Успешен старт на годината за охридските стрелци.

И покрај редуцираните тренинзи, на И Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, во организација на македонската спортска стрелачка федерација што се одржа во Скопје, освоија еден златен и еден сребрен медал, а поставија и нов Државен рекорд.

Јована Милевска со резултат од 617,2 кругови освои прво место и постави нов државен рекорд, соборувајќи го претходниот што таа го постави за 0,2 кругови. Во истата категорија на 9-тата позиција се пласира Марија Ванѓеловска, Ива Маленко, на 12-тата позиција и Калина Чепуњоска на 18-тата позиција од вкупно 24 јуниорки.

Кај јуниорите младиот Бојан Спасеновски се пласира на втората позиција со резултат од 598,2 кругови, односно за 0,5 кругови подобар од третопласираниот. После подолг период се врати Никола Спироски, а за прв пат, свое натпрварувачко учество зедоа Даниел Стојаноски, Владимир Здравковиќ, Христијан Србакоски и младата јуниорка Емилија Алексоска. Во сениорска категорија, Мартина Петровска беше четвртопласирана со резултат од 572.7 круга. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива