12 години затвор за Мијалков, 4 за Јанкуловска, а по 15 години за Грујевски и Бошковски во случајот „Таргет-Тврдина“

12 години затвор за Мијалков, 4 за Јанкуловска, а по 15 години за Грујевски и Бошковски во случајот „Таргет-Тврдина“

Скопје, 26. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Обвинетите во предметот „Таргет Тврдина“ за незаконското прислушување во Македонија се прогласени за виновни.

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за делата злостотничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластвување и прмање награда за противзаконско влијание доби затворска казна од 12 години во кои се засметува и времето поминато во притвор и куќен притвор. Казна затвот од по 15 години добија поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција и им се суди во отсуство, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби 4 години, а Тони Јакимоски 6 години.

Судењето за „Таргет-Тврдина“ започна на 22 декември 2017 година, а застапник на обвинението беше поранешното Специјално јавно обвинителство.(Крај)

извор: ИнПрес фото: архива