Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во четвртиот квартал од 2020 година е -158

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во четвртиот квартал од 2020 година е -158

Охрид, 26. февруари 2021 (ИНПРЕС) – Охрид ја заврши 2020 година со негативен природен прираст.

Според податоците на Државниот завод за статистика, како и во претходните три и во четвртиот квартал во Охрид продолжува трендот да се евидентирани повеќе починати лица од новороденчиња. Се родиле 120 бебиња, а починале 278 лица, со што природниот прираст е -158, што е и највисока бројка за 2020 година. Во четвртиот квартал од пандемиската 2020-та биле склучени 71 брак, а регистирани се и 27 разводи.

И општина Дебрца во овој период има негативен прираст. Се родиле 11 новороденчиња, а починале 19 лица, со што природниот прираст е -8. В0 анализираниот период склучен е само еден брак.

Соседна Струга исто така евидентира негативен прираст. Се родиле 116 бебиња, а починале 237 лица. Со тоа Струга има природен прираст од -121. Регистрирани се 123 бракови и 10 разводи.

На ниво на Македонија бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2020 година изнесува 4 935 живородени деца. Како последица на пандемијатa со COVID-19 и задоцнувањето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали, бројот на умрените лица во четвртото тримесечје бележи зголемување од 89.1.% во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 9 465 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува – 4 530.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје е 2 689 и бележи намалување за 19.7 % во споредба со истиот период од 2019 година a бројката на разводи е 540, што претставува намалување од 19.3 % во споредба со истиот период од 2019 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива