Започна отстранувањето на дрворедот на улицата „Јане Сандански“

Започна отстранувањето на дрворедот на улицата „Јане Сандански“

Охрид, 1. март 2021 (ИНПРЕС) – Утринава започна сечењето и отстранување на дрворедот на улицата „Јане Сандански“ како дел од најавените подготвителни активности за комплетна реконструкција на една од поважните сообраќајни артерии на градот и промена на водоводната азбестна линија.

Ќе се реконструира потегот од крстосницата со булеварот „Туристичка“ до кружниот тек кај Болнички комплекс.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

– Деновиве ќе се изврши отстранување на старите и оштетени стебла од дрворедот на улицата. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, планирано е подигнување на нов дрворед. Општина Охрид во согласност со својата годишна програма, во континуитет инвестира во подобрување на животната средина и одржување на зеленилото во градот. Во тек е тендерска постапка за набавка на вкупно 300 четиригодишни садници од видот Acer platanoides, од кои дел ќе бидат наменети за новиот дрворед на улицата „Јане Сандански“. Поради непречено одвивање на активностите, ги известуваме учесниците во сообраќајот дека ќе има времена забрана за паркирање на возила на оваа улица, напиша на свпјот профил на Фејсбук градоначалникот Константин Георгиески.

Екологистите се спротивставуваат на отстранувањето на дрворедот од улицата „Јане Сандански“. Бараат објавување на целиот проект за реконструкцијата и напуштање на практиката, како што посочуваат, „уништување замаскирано како некаква реконструкција и согласно закон“. Според нивното образложение, она не е прв пат зад некаков синоним на реконструкција да се прави деструкција на повеќегодишни дрвја. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес