ГРК Охрид против Бутел ги стартува дуелите во плејофот

ГРК Охрид против Бутел ги стартува дуелите во плејофот

Охрид, 5. март 2021 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Охрид денеска ги започнуваат мечевите во рамки на плејофот од Супер лигата.

ГРК Охрид со перфектна завршница на есенската полусезона во Супер лигата обезбеди место во плејофот. „Гладијаторите“ постигнаа 12 победи на исто толку одиграни натпревари.

Во првото коло  играат во гости кај скопски Бутел, од 19:00 часот.

Нема достапен опис

По ова ќе следи пауза поради ЕХФ неделата. Во конечниот список на играчи што го објави селекторот Кирил Лазаров за претстојниот квалификациски двомеч со светскиот првак Данска, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство остана Михајло Младеновиќ, кој дојде во Охрид во зимскиот преоден рок.

Мечевите во плејофот охридските ракометари ќе ги продолжат на 21-ви март, кога дома го пречекуваат Вардар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива