Во светот од COVID-19 починаа 840 новинари

Во светот од COVID-19 починаа 840 новинари

Женева, 5. март 2021 (ИНПРЕС) – Изминатата година во 68 земји во светот од пооследици од овид-19 починаа 840 новинари, соопшти швјцарската невладина организација „Press Emblem Campaign“.

Во соопштението на ПЕЦ се истакнува дека тоа е најголем број на починати медиумски работници од крајот на Втора светска војна. Во 2020 година секој ден по двајца новинари биле жртви на COVID-19.

Најголем број на починати новинари има во јужноамериканските земји односно 458.

Во Азија од последици од COVID-19 починале 151 новинар, во Европа 147, во Северна Америка 45 и во Африка 39.

Во Перу за време на пандемијата починаа 108 новинари, во Бразил 102, во Мексико 87, во Индија 56, во Италија 46 и во Турција од последици од ковид-19 починале 21 новинар,

ПЕЦ истакнува дека најверојатно е поголем бројот на починати новинари, бидејќи не сите смртни случаи не биле тестирани. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива