Благ пад на нивото на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,42 м.н.в

Благ пад на нивото на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,42 м.н.в

Охрид, 5. март 2021 (ИНПРЕС) – Благ пад на нивото на водата во Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) езерото е на кота од 693,42 м.н.в, што е за 7 сантиметри под месечниот просек (693,49 м.н.в) и 32 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

May be an image of текст кој вели „управа работи- (споредба табела водостои прикажани ареите природните езера претходниот ден очекувана тенденција наредниот ден) 05.03.2021 cm измерени 07:30 05.03.21 егуновце- вардар вардар -вардар вардар 130 135 06.03.21 просек март 76 122 110 198 222 103 105 99 181 к.паланка- 118 брегалница брегалница 17 42 нд 17 114 струмица нд 91 нд нд 135 рнарека сатеска радика 81 з.доран ΜΗΜ измерени 147,10 147,09 преспа 7:30 часот 842,53 MHM 842,54 = температури 693,42 843,98 вода 7,8 = измерени наколец- ез.преспа 07:30 7,8 на зеро нд нд има изработил: ди минимум. одобрил: директор, тадин ацевски мерене водостој“

За една недела езерското ниво бележи намалување за два сантиметри.

Температурата на езерската вода измерена утрово е 9 степени, односно за 1,2 степени повисока од мартовскиот просек.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 13. степени.

– Утре поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час. Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови. Дневните температури значително ќе опаднат. Слаби локални врнежи се можни и во недела, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР