„Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон

„Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон

Охрид, 23. март 2021 (InPress) – По шест вредни награди на познати фестивали шурум светот, играниот филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски е прогласен за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон.

Лондонскиот независен филмски фестивал се одржува секоја година во април. Со преку 1.000 пријавувања на филмови од повеќе од 50 земји ширум светот, станува збор за еден од најреномираните фестивали на сцената. Се доделуваат признанија на филмови и сценарија во над 20 категории, вклучувајќи играни и кратки филмови, документарци, студентски филмови, анимации, телевизиски реклами, музички видеа и натпревар за сценаристи.

No description available.

Претходно „Дедо и Внук“ ја освои наградата за најдобра режија на The Buddha International Film Festival, наградата за „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз, а доби и две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови. Досега две награди за фотографија освои и Директорот на фотографија, Патру Паунеску.

Режисерот Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, раскажува прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Во филмот играат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“ од Романија. Финансиски е помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија. Директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор Оливер Тевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков. (Крај)

извор: InPress фото: архива