Со „Сопружници“ ќе се слави Светскиот ден на театарот во Охрид

Со „Сопружници“ ќе се слави Светскиот ден на театарот во Охрид

Охрид, 23. март 2021 (ИНПРЕС) – Со изведба на претставата „Сопружници”, по текст на Вуди Ален во режија на Драгана Таневска, охридскиот народен театар ќе го одбележи 27-ми март, Светскиот ден на театарот.

Претставата ќе се одигра в сабота во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот.

– „Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Таневска.

Може да биде слика на 2 луѓе, луѓе кои стојат и внатре

Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.

Билетите по цена од 200 денари ќе се продаваат од денеска на билетарата при Центарот. Телефони за резервации 046/261-063 и 075/283-066. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива