Охриѓанецот Александар Јосифовски го оствари сонот и настапи со легендарните Дивље Јагоде

Охриѓанецот Александар Јосифовски го оствари сонот и настапи со легендарните Дивље Јагоде

Охрид, 24. март 2021 (InPress) – Охриѓанецот Александар Јосифовски, македонскиот кандидат во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ неодамна успеа да го оствари својот дамнешен сон и да настапи на иста сцена со легендарната рок група Дивље Јагоде.

Благодарение на неговиот ментор Џорџе Давид, а по повод 40 години од постоењето на групата, во Сараево се одржа концертна емисија под водство на легендарниот Желе Липовац и по негова покана и нашиот Александар беше дел од ова специјално шоу, јави порталот skopje24.mk.

Во шоуто покрај Александар, учествуваше и Младен Војичиќ- Тифа и неговата ќерка Сара Војичиќ, а како што вели Јосифовски преголема чест за него е да биде дел од оваа извонредна екипа.

– Самото учество во „Ѕвездите на Гранд“, по патот на рокенролот, ме донесе до настап со Дивље Јагоде. Благодарение на мојот ментор Ѓорѓе Давид, мојот сон стана реалност. Тука заслуга има и целото жири кое ми дава поттик да дадам се’ од себе во она што го правам најдобро, вели Александар.

Емисијата ќе се емитува наскоро, а македонската публика ќе има можност истата да ја погледне и преку Facebook профилот на Александар.

Комплетната информација на skopje24.mk ОВДЕ. (Крај)

извор: skopje24.mk фото: skopje24.mk