ВМРО-ДПМНЕ: ЈП „Охридски Комуналец“ не поседува дозвола за вршење дезинфекција на детски градинки, училишта и јавни површини

ВМРО-ДПМНЕ: ЈП „Охридски Комуналец“ не поседува дозвола за вршење дезинфекција на детски градинки, училишта и јавни површини

Охрид, 27. март 2021 (InPress) – Со надзорот во детската градинка се потврдија нашите сомневања дека ЈП „Охридски Комуналец“ не поседува дозвола издадена од Министерството за здравство за вршење на дезинфекција на детски градинки, училишта и јавни површини, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Во повеќе наврати бевме сведоци на нивно незаконско работење и кршење на здравствените и безбедносните протоколи, и од тие причини сега конечно им е издадена забрана за вршење на дејност дезинфекција во затворени простории. Утврдено е дека средството со кое е вршена дезинфекцијата не смеело да се користи во присуство на деца. Ги повикуваме институциите до крај да ја завршат постапката и да изречат соодветни санкции на инволвираните. Бараме од страна на Локалната самоуправа и Градоначалникот јавно да се извинат на родителите на дечињата за загрозувањето на нивното здравје, а потоа да се побара и лична одговорност од раководните лица учесници во овај немил настан, што за среќа не остави трајни последици по децата, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: InPress фото: InPress