В четврток отежнат тек на сообраќај на улицата „15-ти корпус“

В четврток отежнат тек на сообраќај на улицата „15-ти корпус“

Охрид, 30. март 2021 (ИНПРЕС) – Поради изведување на градежни активности за подготовка на коловозот за асфалтирање, на улицата „15-ти корпус“, на потегот пред градските гробишта, в четврток, 1-ви април, ќе има отежнат тек на целиот сообраќај, а можни се и повремени застои.

– Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности, велат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива