Парични казни за 38 лица од Охрид и 16 од Струга поради неносење заштитни маски

Парични казни за 38 лица од Охрид и 16 од Струга поради неносење заштитни маски

Охрид, 30. март 2021 (InPress) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 85 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 38, Струга 16, Кичево 17 и Дебар 14).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 40 контроли во угостителски и други објекти (Кичево 34 и Струга 6). Во овој период, во Струга, регистрирани се 4 прекршување на забраната за движење од 22:00 до 05:00 часот со цел спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Против овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива